Новата табла која вчера беше поставена на централниот споменик на скопскиот плоштад, на која пишуваше дека Александар Македонски припаѓа на античката хеленска историја и на светското културно наследство, синоќа била физички отстранета.
Поточно, на таблата на македонски, албански н англиски јазик пишува „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“.