Македонија

Павле Богоевски цел на ,,длабоката држава” и служби блиски до власта?

 

Неименувани високоупатени извори за вчерашното објавување на аудио снимката на која наводно пратеникот Павле Богоевски нарачува недозволени супстанции, велат дека позади ова но и позади претходните објави од прислушкувани разговори од неколку високи партиски функционери од власта и опозицијата,стојат лица блиски до власта кои на овој начин сакаат да се пресметаат со своите неистомисленици внатре во владејачката коалиција.
Имено вчерашното објавување на снимениот разговор на пратеникот Павле Богоевски е со цел да се разниша таканареченото шарено лоби внатре во СДСМ кое според изворот има голем број на противници помеѓу тврдото автохтоно партиско членство. Имено изминативе месеци токму дел од припадниците на таканаречената шарена револуција на која како неформален лидер и се наметна токму Павле Богоевски,беа најгласни во критиките на владејачкиот режим околу недоволното справување со криминалот,корупцијата,непотизмот. Фрлањето на дамка врз Богоевски е всушност жолт картон од службите блиски на власта до дел од луѓето од шарената револуција .Кога може да биде жртвуван кредибилитетот на Богоевски кој е повеќе од корпоративен со највисоките делови од владеачката гарнитура,што останува за обичните шарени револуционери кои би биле без пардон прегазени доколку не престанат со гласните критики упатени токму до власта. Изворот исто така шпекулира дека бомбите од пред две недели вклучувајки ја и оваа од вчера се исто така и одмазда на внатрепартиските групи во СДСМ кои отворено се спротиставија на кандидатурата на Пендаровски за предсетател кој токму силно беше подржан од Богоевски и луѓе блиски до него.

Loading...

Related posts

Leave a Comment