Свет

Паис објави што САД и НАТО и нудат на Русија, официјалните лица без коментар

Утринава шпански Паис објави доверлив одговор кој САД и НАТО го испратија до Москва. Тие нудат дијалог за контрола на оружјето и мерки за спречување инциденти во замена за деескалација на ситуацијата со Украина и повлекување на руските војници од Крим, Придњестровје, Јужна Осетија и Абхазија.

Во документите до кои дојде Паис се наведува дека САД се подготвени да разговараат за инспекции на објекти во Романија и Полска, во кои се инсталирани противвоздушни ракетни системи, во замена за инспекции на истите објекти на руските вооружени сили.

Вашингтон е подготвен и да разговара за „механизмите за транспарентност“ за да потврди дека нема крстосувачки ракети „Томахавк“ на локации во Романија и Полска, но само под услов Русија да се согласи на реципрочни мерки и увид во двете ракетни бази.

„Треба да се консултираме со сојузниците на НАТО, вклучувајќи ги Романија и Полска, за ова прашање“, се вели во документот, цитира Паис .

НАТО ја повика Москва да ја деескалира ситуацијата во Украина, а за возврат, НАТО и САД „остануваат отворени за значајни дискусии за контрола на вооружувањето и дијалог со Русија за меѓусебна транспарентност и мерки за градење доверба“.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Вашингтон побарал писмениот одговор на САД да остане доверлив . Но, рече и дека со оглед на тоа што било констатирано дека при пишувањето на одговорот биле консултирани и сојузниците, се сомнева дека одговорот нема да протече.

Претходно тој изјави дека одговорот остава простор за дијалог, но само за секундарни прашања.

НАТО не сакаше да го коментира документот што го објави Паис .

НАТО потсети и дека официјалниот став на Алијансата во однос на предлозите на Русија го соопшти генералниот секретар на таа организација на прес-конференцијата, а откако претходно и испрати писмени предлози до Москва.

Не сакаа да дадат коментар ниту во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави на новинарите да контактираат со Паис или шпанската влада за коментар.

Related posts

Leave a Comment