Свет

Пакистан го придвижува оружјето и опремата до воздушната база близу Индија

 

Вооружените сили на Пакистан започнаа со пренесување дополнително оружје и опрема во својата воздушна база Скарду, веднаш до индиската граница, објави во понеделникот „Тајмс на Индија“.

„Три транспортни авиони Ц-130 на пакистанските воздухопловни сили беа користени во саботата за да превезат опрема до нивната воздушна база Скарду, спроти територијата на Унијата на Ладак“, изјавиле неименувани извори за весникот. „Загрижените индиски агенции го следат  движењето на Пакистанците по граничните области“.

Според изворите, авионите – ловци ЈФ-17 наскоро ќе бидат преместени во воздушната база Скарду за да учествуваат во претстојните вежби на воздушните сили.

Овие чекори се преземаат во услови на засилени тензии во односите меѓу Исламабад и Њу Делхи, предизвикани од одлуката на индиската влада за укинување на државноста на Џаму и Кашмир и создавање на две нови територии на унијата во регионот, Џаму и Кашмир и Ладак. Пакистан ја оспорува индиската власт над регионот и ја осуди одлуката.

Во моментов, исламистичката организација продолжува да работи во Џаму и Кашмир ,и се стреми да ги отцепи од Индија со прогласување независност на регионот или да се приклучат на Пакистан. Линијата на контрола, која служеше како де факто граница помеѓу индискиот и пакистанскиот дел на Кашмир, постојано е во конфликти што доведоа до влошување на постоечката состојба

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!