Свет

ПАНИКА ВО МОЛДАВИЈА: Се шират вести за мобилизација

Жителите на северот на Молдавија добиле лажни наредби за потребата да се појават „на мобилизациска вежба“, иако Министерството за одбрана на Молдавија не излегло со таква иницијатива, соопшти прес-службата на владата на таа земја.

„Информираме за обидите за испраќање наредби за регрутирање на граѓаните на северот на Молдавија за мобилизациски вежби и обука кои доаѓаат од Воено-територијалните центри. Овие документи се лажни“, се наведува во предупредувањето на  Телеграм каналот на молдавската влада.Кабинетот предупреди дека Министерството за одбрана не испраќа наредби и не планира да поканува луѓе на вежбите. Се молат жителите на земјава да бидат внимателни и да ги проверат информациите во официјални извори.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!