Фудбал

Панчев : Модриќ не е најдобриот играч во историјата на Хрватска, и секако не во регионот

 Фото: Дарко Панчев: Приватна архива

 

Фудбалот е интересен заради тоа  што дава многу, но и зема, изјави легендарниот играч на Црвена звезда кој редовно го следи целиот европски фудбал.

Кога некој сака да направи интервју со поранешниот фудбалер на Црвена Звезда,македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев, обично патува за Скопје и го наоѓа Дарко во неговото Кафе 9ка. Фудбалските теми и понатаму се негова специјалност. Во интервју со новинарот на „Вечерњи лист“ легендата на ЈУ фудбалот рече дека ги следи сите екипи и дека претпочита ТВ преноси на натпревари од регионот за разлика од оние на Примера, Премиер лига, Серија А …

Интересен одговор даде Панчев кога беше запрашан од хрватскиот новинар: Дали Лука Модриќ е најголемиот фудбалер во историјата на овој регион, со оглед на тоа какви индивидуални награди тој има освоено?
– Лука Модриќ е секако одличен играч, еден од најголемите во регионот. Но, фудбалот е интересен заради тоа што многу пати дава, но исто така и зема. Мислам дека Модриќ не е ни најдобриот хрватски играч во историјата , и секако не најдобриот играч во регионот.Без разлика на сите големи награди кои тој заслужено ги има освоено.

Дали бизнисот и парите го убија шармот на самата игра?

– Секако. И фудбалот , за жал,се повеќе станува бизнис, и се помалку има убава игра – јасен е, и секогаш искрен, Дарко Панчев.

Loading...

Related posts

Leave a Comment