Македонија Политика Соопштенија

ПАРТИЈАТА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ИМ УПАТИ 48 ЧАСОВЕН УЛТИМАТУМ НА МИЦКОВСКИ И АПАСИЕВ ДА ГО НАПУШТАТ СОБРАНИЕТО (ВИДЕО)

На денешната прес конференција, партијата Родина Македонија им упати ултиматум на ВМРО ДПМНЕ и ЛЕВИЦА да го напуштат собранието на Република Македонија

Во обраќањето се вели:

Родина Македонија постојано повикува на протест за спречување на кражба на историјата и идентитетот, името, но и стопирање на општата бугаризација на Македонците и македонската култура.

Родина Македонија поддржува блокада на велепредавствата, етноцидот на Македонците и блокада на хунтата воопшто. Но, БЛОКАДА која би била комплетна, издржана и целосна, блокада на северна и на хунтата, како блокирање на собранието, институциите и квази системот на „Северна”.

Затоа ги повикуваме двете парламентарни опозициски партии на ЦЕЛОСНА БЛОКАДА на „северна“. Да покажеме конечно вистинска одбрана на Македонија и Македонците, наместо досегашните политики на мимикрија и клиентелизам и служење на туѓите интереси.

На вас останува да одлучите дали овој пат ќе „изиграте” вистински?! Дали ќе застанете на вистинската страна?!

Родина Македонија ќе поддржи блокади принципиелно и практично, но на институциите на државата,секојдневно, а не на раскрсниците, при тоа останувајќи цврсто на своите програмски определби: Суверенизам, Независност, Право на Избор, Македонизам и вољата на мнозинството-трите НЕ од последниот референдум.

Ако во рок од 48 часа од објавувањето на овој проглас не излезете од системот и институциите на т.н „Северна” и не се придружите на барикадите за тотална блокада, Родина Македонија ќе заклучи дека ова е уште една општествена мимикрија и лоша театарска претстава во борбата за гола власт, врз грбот на Македонија и Македонците. Со тоа ќе претставувате легитимна политичка и општествена цел во понатамошната борба на #Организацијата за спас на Македонија.

Се гледаме на барикадите и посакуваме овој пат да бидат вистински!

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

ПРЕСС ЦЕНТАР РОДИНА МАКЕДОНИЈА 7.6.2021 

 

Related posts

Leave a Comment