Свет

ПЕДОФИЛСКИ ХОРОР ВО ИТАЛИЈА : ПОЛИТИЧАРИ И БИЗНИСМЕНИ ОРГИЈАЛЕ СО МАЛОЛЕТНИЧКИ

Италијанската полиција апсеше за подведување малолетни лица на проституција и организирање оргии со кокаин

Во Болоња полицијата уапси шест „угледни“ граѓани, за подведување на малолетни лица на проституција и организирање оргии со кокаин, пишува весникот „Кориере дела сера“, а сите медиуми известуваат за скандалот.

Скандалот вклучува, засега, адвокат, агент за недвижнини, претприемачи и млад член на Лигата на  Лука Каваца, кој беше кандидат на партијата на последните регионални избори.

Се беше откриено откако мајка на малолетничка открила на мобилниот телефон од нејзината ќерка видео од забава во „Вилата на пеколот“, како што учесниците меѓусебно ја нарекувале куќата на еден од членовите на групата, каде се одржувале сеанси на кои, во изминатата година, членовите на групата сексуално експлоатирале најмалку две малолетнички во замена за кокаин.

Веста во Болоња одекна како бомба, бидејќи во скандалот учествувале луѓе кои се сметани за истакнати членови на општеството.

Полицијата и понатаму истражува, бидејќи има индиции дека во скандалот биле вклучени и други луѓе, а можеби и некои други малолетнички.

Членот на партијата Лига на Лука Каваца, беше кандидат за градоначалник на Болоња во 2016 година, како член на партијата Форца Италија и тогаш предизвика скандал кога објави слика од гробот на Бенито Мусолини со текст дека сè што направил Мусолини не може да се поништи.

Loading...

Related posts

Leave a Comment