Свет

Пеколниот план на Бил Гејтс: Преку педофилот Епштајн до Нобеловата награда за мир

Bill Gates Thought Jeffrey Epstein Was His Ticket to a Nobel Prize,  Ex-Staffer Says

Основачот на „Мајкрософт“ во март 2013 година со Џефри Епштајн отишол кај Торбјорн Јагланд, тогашен претседател на норвешкиот Нобелов комитет

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, сакаше милијардерот педофил Џефри Епштајн да му помогне да ја добие Нобеловата награда за мир, поради што го игнорираше фактот дека тој е осуден за мамење и сексуално злоставување на малолетници. Гејтс не се грижеше за угледот на Епштајн и сепак се дружеше со него.

Тие се запознаа во 2011 година

Според норвешкиот дневен весник ДНМагасинет, Епштајн го однел Гејтс на состанок со Торбјерн Јагланд, тогашен претседател на норвешкиот Нобелов комитет, во март 2013 година. Средбата се одржала во Стразбур, каде што поранешниот норвешки премиер има куќа. Средбата се одржала на барање на Бил Гејтс. На неа присуствувале и претставници на Меѓународниот институт за мир, чија работа е насочена кон здравствениот систем и вакцинацијата. По тој состанок, Фондацијата Гејтс му уплатила десетици милиони долари на овој институт за проектот за искоренување на детската парализа.

Моќни (не) пријатели – Сомнителна смрт во ќелија

Во 2008 година, милијардерот Џефри Едвард Епштајн се изјасни за виновен за злоупотреба и воведување малолетни лица во проституција и помина 13 месеци во домашен притвор. Обвинителството тврди дека тој и неговите соработници сексуално злоставувале најмалку 36 малолетни лица, од кои некои имале само 14 години. Епштајн повторно беше уапсен на 6 јули 2019 година, под обвинение за трговија со малолетници. Тој беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија на Менхетен. Наводно се обесил. Аутопсијата покажа дека му бил скршен вратот и дека камерите од ќелијата биле исклучени за време на неговата смрт. Епштајн бил пријател со моќни луѓе, вклучувајќи ги Бил Клинтон, Доналд Трамп, британскиот принц Ендру, како и бројни холивудски актери. Се шпекулираше дека снимал малолетници кои ги присилувал на сексуални односи со познати личности.

– Бил Гејтс побара да се сретнеме за време на неговата посета на Стразбур. Тој беше заинтересиран за работата на Советот на Европа за обезбедување вакцина против детска парализа. Бил Гејтс и Џефри Епштајн дојдоа заедно во мојата резиденција. Ги запознав со европскиот систем за контрола на медицинските помагала, а после тоа разговаравме за бројни други теми – рече Јагланд. Деталите за оваа средба беа откриени дури во текот на оваа оваа недела, а вработените во Фондацијата Гејтс кои сакаа да останат анонимни изјавија дека американскиот милијардер намерно го игнорирал фактот дека Епштајн бил осуден за детска проституција во 2010 година и дека тој сакал да го искористи за да добие престижна награда. .

Ризик по Фондацијата

– Бевме свесни за фактот дека репутацијата што ја има Епштајн претставува ризик за фондацијата и за нашите соработници. Знаевме дека Епштајн не е чист, но Бил реши да замижи со едното око. Тој се надеваше дека ќе го запознае со вистинските луѓе и ќе им ја пренесе пораката за да ја добие Нобеловата награда за мир. Тој беше многу разочаран кога не успеа – изјави еден од вработените.

 

Bill Gates Met With Jeffrey Epstein Many Times, Despite His Past - The New  York Times

Непознати детали од животот на Бил Гејтс почнаа да се појавуваат во медиумите откако на 4 мај беше објавено дека тој се разведува од сопругата Мелинда, со која има три деца, по 27 години брак. Гејтс и Епштајн се запознаа во 2011 година и нивната заедничка фотографија потекнува од тој период, што деновиве привлекува големо внимание во јавноста.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!