Македонија

Пензионерка тврди дека e жртва на измама од Боки 13 и членови на неговиот Сојуз

 

Скопјанката Лилјана Тодоровска, авторката на социјалниот проект за европски центар за возрасни за кој Бојан Јовановски со неговата невладина Меѓународен сојуз рекетирал градоначалници, тврди дека е ограбена од Боки 13, а бизнисменот Силјан Мицевски, кој е дел од ујдурмата на осомничениот за „Рекет“ и кој на Тодоровска и платил 720.000 евра кои таа не ги видела, вели дека не се чуствува измамен, објави Телевизија Телма .

-Ограбена сум. Мене парите веднаш ми се земени од луѓето кои беа со мене во банка. Веднаш потоа ми беа земени парите, рече Лилјана Тодоровска во телефонски разговор.

Според договорот, невладината на Боки 13 треба да обезбеди меморандуми за земјиште со општините каде се планираат европски центри за возрасни лица односно еден вид старечки домови, а Пелистер да ги изгради.

Силјан Мицевски од ГП Пелистер смета дека не бил измамен туку дека верувал во идејата.

Целиот текст и видеото прегледајте  го тука

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!