Занимливости

Пентагон објави извештаи за средби на војската со НЛО (ВИДЕО)

ВАШИНГТОН – Пентагон објави три чувствителни извештаи за средбите на американските воздухопловни сили со наводни неидентификувани летачки објекти (НЛО), јавува денес Си-Ен-Ен.

Извештаите откриваат детали за инциденти кои го повторно го окупираа вниманието на јавноста минатиот месец, кога Министерството за одбрана на САД  ја отстрани ознаката за тајност од видеата во кои се документираат воздушни средби на воени пилоти со наводни НЛО.

„Овие летала се мали, со големина на куфер, сребрена или бела боја“, се наведува во еден извештај за инцидентот што се случи во март 2014 година.

На видеото се гледа неидентификуван летечки објект снимен со инфрацрвена камера, кој се движи со голема брзина, пропратен со снимка од гласот на пилотот на воениот авион Ф / А 18, кој е запрепастен од брзината надвижење на НЛО.

Во овој коментар проценува дека тоа би можело да биде и дрон, додека во друг извештај со коментари се наведува дека летачкиот објект бил „бел, со мали димензии и без ознаки“, па повторно се заклучува дека најверојатно станува збор за дрон.

Пентагон проценува дека е возможно да се работи за беспилотни летала управувани од „непријателски сили“ како Русија или Кина со цел да соберат разузнавачки информации за американските воени операции.

Претседателот Трамп беше изненаден од снимките кој ги виде и се запраша дали се автентични.

Американскиот Пентагон  кон крајот на април објави три видеа на кои се гледа како американски воени пилоти се среќаваат со неидентификувани летачки објекти (НЛО).

На снимките, од кои претходно беше отстранета ознаката за доверливост, се прикажани мистериозни летала без крилја кои летаат со хиперсонична брзина без никаков погон, а се направени во 2004 и 2015 година.

Loading...

Related posts

Leave a Comment