Свет

Песков: Путин и Зеленски можат да зборуваат за односите, но не и за Крим – тоа прашање е затворено

TO PITANJE JE ZATVORENO: Putin i Zelenski mogu da pričaju o odnosima, ali ne i o JEDNOJ BITNOJ STVARI!

Темите на разговор меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, можат да бидат билатералните односи, меѓутоа, нема што да се зборува за прашањето на Крим, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Самиот претседател рече дека можеме да зборуваме за билатералните односи, но тема како што е Крим не постои затоа што нема што да се зборува за тоа прашање“, нагласи тој.
Говорејќи за Украина, Песков рече дека во таа земја има голем број руски граѓани кои се соочуваат со бројни компликации.

Меѓу проблемите, портпаролот на Кремљ го наведе односот на владата кон рускиот јазик, како и кон луѓето од руското говорно подрачје.

„Не можам да прецизирам за кого точно станува збор, но сигурно знам дека многу граѓани се соочуваат со бројни компликации во Украина“, додаде тој.

Related posts

Leave a Comment