Свет

Песков: Цивилите можат слободно да заминат од Азовстал, милитантите да го положат оружјето

ПЕСКОВ: Поставувањето на американско нуклеарно оружје во Полска ќе донесе  поголеми тензии – Denesen.mk

 

МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин веќе еднаш изјави дека цивилите можат слободно да ја напуштат фабриката за челик Азовстал, додека милитантите мора да го остават оружјето, изјави вечерва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

 

Песков реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Киев е подготвен за итни преговори за евакуација на луѓето од „Азовстал“ во Мариупол, пренесува ТАСС.„Претседателот јасно стави до знаење дека цивилите можат да излезат и да одат каде сакаат. Милитантите мора да го остават оружјето и да излезат исто така.

Нивните животи ќе бидат спасени. На сите повредени и болни ќе им биде укажана медицинска помош“, рече Песков. “Што да се преговара во овој случај?”

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!