Свет

ПИНК ДОНИРАШЕ 500.000 УСД ЗА АВСТРАЛИЈА!

Image result for pink

Американската поп-пејачка Пинк, реши да помогне во борбата против пожарите во Австралија, во кои загинаа милиони животни. Пинк на својот профил на Твитер објави дека ќе донира 500.000 американски долари за оваа држава.

„ Јас сум целосно шокирана од она што се случува во Австралија поради ужасните пожари. Ќе донирам 500.000 УСД директно на локалните пожарникари кои енергично се борат на теренот. Моето срце оди до нашите пријатели и семејствата во Австралија “ , напиша пејачката.
Пожарите досега изгореа пет милиони хектари земја, уништија над 1.500 домови, а многу јавни личности апелираа за помош на социјалните медиуми. Австралиските власти велат дека најлошите услови за пожари допрва се очекуваат. Изминатата година беше рекордно топла во Австралија, што дополнително го зголемува ризикот од пожари.

Related posts

Leave a Comment