Политика

Погребот на Сулејмани одложен поради стампедо во кое загинаа 40 лица-Безживотни тела лежат на земја(ВИДЕО)

Tanjug/AP photo

Погребот на иранскиот генерал Касем Сулејмани во неговиот роден град Керман е одложен по стампедото во кое загинаа 40 лица.

Сè уште не е познато кога ќе биде погребан Касем Солејмани, кој беше убиен во напад со беспилотно летало  во Ирак .

Агенциите први објавија дека во погребната поворка загинале 35 лица , но според најновите извештаи, 40 се мртви, а 213 повредени.

Фотографиите објавени од иранската државна телевизија покажуваат илјадници луѓе собрани на улиците на градот, многу облечени во црно, во жалост за убиениот генерал .

Првата комеморација за генералот се одржа вчера во Техеран, со ожалостени кои бараат одмазда против САД за убиството на Сулејмани.

Неговата ќерка Заинаб вчера му се закани на Трамп со одмазда, велејќи дека ќе следи одговор за смртта на нејзиниот татко.

Related posts

Leave a Comment