Македонија

Планинарите револтирани : Подобро е 100 луѓе во маркет или двајца на планина?

Фото: Шест планинари испишаа ново поглавје во македонското ...

Одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за забрана за движење низ шума и шумско земјиште која стартува од денеска многу ги изреволтира планинарите и љубителите на природата од Македонија.

Планинарите се крајно разочарани од оваа одлука, која вообичнаео се спроведува во текот на летните месеци кога температурите достигнуваат и до 40 степени.

Со реакција излезе и Федерацијата на планинарски спортови на Северна Македонија, на чело со претседателот Јовица Угриновски. Оттаму оваа одлука ја оценија како крајно нерационална.

Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ) е крајно изненадена и разочарана од вашата избрзана, необмислена и нерационална одлука целосно да се забрани движењето на граѓаните во природа и во шумите кои се национално богатство и им припаѓаат на сите граѓани. Причината која е наведена за донесување на ваквата одлука е крајно нерационална со оглед дека месец април и мај се највлажните месеци во годината, а на повеќето планини се уште има снег“, се вели во официјалното соопштение на ФПСМ.

Дејан Доневски, претседател и водич од планинарскиот клуб „Ај лов хајкинг груп“ смета дека оваа одлука не е паметна и е лош потег на надлежните институции.

Планинари од Балканот се искачија на Титов Врв | Meta.mk

Одлуката за забрана за движење во шума поради пожари е тотално донесена бесправно и воопшто не е паметна. Сето ова вроди голем револт кај нас планинарите, затоа што ние сме на терен на планините и ја знаеме целата ситуација со што слободно можете да ја наречете наша експертиза и нашиот глас треба да се слуша кога станува збор за нив. Пожари каде се уште има снег не може да има, а дополнително од понеделник има најавени врнежи од снег и дожд со што шансите за пожар се невозможни. Трета работа е што на температура од 8 степени не може да се прошири пожар, дури и да е намерно подметнат“, смета Доневски.

Тој додава дека целокупниот свет кој тренира во надворешни услови треба да излезе и да каже дека оваа мерка треба да се смени.

Инаку во овој период има потпалување на пасиштата што цел век ги спроведуваат овчарите. Има многу диви сечи, за кои само ние пријавуваме како луѓе на “терен“, се што е неправедно кон мајката природа ние гледаме да го поправиме. Забрана за движење во група од максимум 2-ца поради пожар е тотално лош потег на МШ или владата на РМ, која може да стои зад забраната. Подобро е 100 луѓе во маркет или 2-ца на планина? Доколку е поради пожар, тогаш мерката не е воопшто на место, но, доколку има позадина, тогаш ќе мора целокупниот свет кој тренира во надворешни услови да излезе и да им кажеме дека оваа мерка треба да се смени“, посочи тој.

Лиценцираниот планинарски водич Марио Шаревски смета дека оваа мерка може да доведе до нерасположение и депресија.

Оваа мерка не е нова и се воведува секоја година во екот на шумските пожари, меѓутоа нејзиното воведување токму сега, во овој период на секојдневни се построги забрани, ограничувања и казни е крајно претерана, непотребна и неиздржана. Дополнително може да има и лошо влијание кон здравјето во телесна и душевна смисла, на намален имунитет и болежливост и зголемена потиштеност, нерасполжение и депресија“, вели Шаревски.

Тој вели дека планинарите и велосипедистите се големи љубители на природата и многу ја чуваат од нејзино загадување.

Овие лица се големи љубители кои ја чуваат и сакаат природата, впрочем и ние во рамки на планинарски акции вршиме пошумување и садење на дрва и чистење на отпадоци. Токму одењето на планина и во шума е поволно согласно препораките, затоа што големото пространство (со чист воздух) овозможува и поголема можност за просторна оддалеченост и растојание со што нема никаква опасност од зарази кои се актуелни во периодов. Конечно и условите на теренот не дозволуваат можност за поголеми пожари, за разлика од лани кога во месец март беше многу топло и имаше сува трева и неколку пожари, сега по неодамнешните обилни врнежи од дожд и снег се уште има многу влага на почвата, тревата, дрвјата како и се уште има снежна покривка над 1500 метри со што не би било можно да се предизвика пожар од посетители како планинари, велосипедисти, рекреативци, оние злонамерници кои палат пожари со некоја цел имаат голема логистика за да предизвикаат еден пожар“, посочи Шаревски.

Како што додаде тој, ќе се реагира со петиција за надлежните да ја повлечат оваа мерка, за како што вели, со цел да го зачуваат и подобрат нивното здравје.

Група планинари напишаа протестно писмо со барање да се укине оваа забрана, а истото ќе биде испратено и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Политика Online - Српски национални паркови добили личну карту

„Со големо разочарување ја примивме веста објавена на 16 април 2020 за воведување забрана за движење во шума и шумско земјиште од 6 до 20 часот, која стапи на сила на 17 април. Ги наведуваме следните аргументи заради кои сметаме дека оваа одлука треба да се преиспита и укине:

  1. Бараме отчет врз база на која анализа, индикатори и аргументација се донесе мерката, без консултативен процес со засегнати страни – граѓаните, на тотално недемократски и авторитарен начин.
  2. Сметаме дека оваа мерка не е целисходна– се објавува во период кога голем дел од планинските и шумските предели се се уште под снежна покривка или се со влажна почва од неодамнешните врнежи, а временските прилики не сугерираат поволни услови за ширење на пожари.
  3. Планинарите и рекреативците не се закана за ширење на пожари – надлежните служби нека си преземат други ефикасни мерки, доколку доследно ги спроведуваат важечките закони и прописи кои се однесуваат на заштита на природата и на шумите.
  4. Забраната за движење во шума и рекреативни места претставува кршење на човековото право на слободно движење и кршење на уставно право на граѓаните. Како одговорни институции кои го почитуваат правото, мерките треба да ги базирате на овие норми.
  5. Огромен дел од населението во државата доследно ги спроведува посебните мерки на Владата за борба против епидемијата на Ковид 19 – се придржува кон забраните за движење во пропишаните часови и денови, полицијата реагира и санкционира прекршувања.
  6. Тотално е неразумно Владата и институциите да воведуваат дополнителни отежнувачки мерки кои крајно негативно ќе влијаат на психофизичката состојба на значителен дел од популацијата, укинувајќи ги сите опции за разумно и одговорно изложување на сончевите зраци и благотворното дејство на кислородот и чистиот воздух. Препорака на Светската здравствена организација е да се носат мерки кои нема да бидат контраиндицирани со психофизичкото здравје на популацијата. Последнава мерка е токму таква – закана и ризик за влошување на психофизичкото здравје.  Суспендиран водичот кој ја водеше групата планинари кога загинаа ...Поради ова, бараме под итно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ДА ЈА ПРЕИСПИТА СВОЈАТА ОДЛУКА ЗА ВОВЕДЕНАТА ЗАБРАНА И ДА ЈА УКИНЕ, со што ќе овозможи слободно движење во природните предели на државата, во шумите и на планините, на одговорни индивидуи чија единствена цел е зачувување на здравјето и уживањето во природа. Неодговорното однесување и прекршување на мерките во врска со ширење на заразата нека биде соодветно санкционирано!

    Како сериозна Влада која треба да работи во интерес на граѓаните и своите политики да ги базира во функција на благосостојбата на граѓаните, сметаме дека треба да се има координиран пристап меѓу државните органи, а не поединечни министерства да носат на своја рака вакви изолирани, крајно авторитарни и контрапродуктивни одлуки.

    Истовремено, апелираме до вас како надлежни во рамките на своите ингеренции да ги насочите своите капацитети и своите ресурси и да вложите напори за решавање на суштинските проблеми во земјава и вистинско зачувување на шумите и шумските предели од активности кои навистина ги загрозуваат“, се вели во писмото.

    Во текот на утрешниот ден се очекува прес-конференција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Loading...

Related posts

Leave a Comment