Свет

ПЛАНИРАН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: ФСБ уапси украински агенти (ВИДЕО)

Сузбиена е разузнавачко-диверзантската активност на украинските разузнавачки служби – се прецизира во соопштението на ФСБ на Русија.

Како што се наведува, уапсени се двајца агенти на Службата за безбедност на Украина, Зиновиј Ковил и неговиот син Игор, кои пристигнале на територијата на Русија со цел да собираат информации, фото и видео материјал за стратешки важни објекти. Тие признале дека биле регрутирани од полковникот Василиј Ковалик, службеник на Службата за безбедност на Украина во областа Тернопил, кој им ветил награда од 10.000 долари.

Во нивниот автомобил биле пронајдени кратко-цевно и автоматско оружје, како и опрема за лична заштита.

ФСБ го уапси и агентот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Александар Цилик, кој беше испратен во Русија со цел да изврши терористички напад.

Исто така, беше објавено дека офицерот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, капетан од прв ранг, Сергеј Швиденко, предводел диверзантска група испратена на Крим. Тој во ноември годинава врз основа на собраните докази е осуден на шест и пол години затвор со издржување казна во колонија на строг режим.

Related posts

Leave a Comment