Свет

Повеќе од 30 верници се удавија за време на одбележувањето на раѓањето на богот Ганеша

 

Најмалку 11 хинду верници се удавиле кога нивниот брод се превртел утрово, за време на верска прослава на езеро во централна Индија, соопшти полицијата.

Полицискиот службеник Акил Пател изјави дека пет лица се спасени од езерото во Бопал, главниот град на Мадја Прадеш, пренесе АП.

Бродот, се превртел додека верниците го потопувале големиот идол на хинду богот Ганеша во езерото, рече Пател, додавајќи дека од езерото биле извлечени 11 тела.

Новинската агенција Pres trast of India  објави дека уште 18 лица се удавиле во надојдените реки во шест града во државата Махараштра.

За време на верските церемонии, уште четворица верници се удавиле во реката Џaамуна во Њу Делхи.

Хиндусите го слават роденденот на богот Ганеша, кој е симбол на мудрост, просперитет и среќа.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!