Свет

Повеќе од 300 луѓе во Нигерија пронајдени во ланци – претежно деца

 

Нигериската полиција спаси повеќе од 300 луѓе, повеќето од нив деца, кои биле врзани и држени во зграда во градот Кадуна на северот на земјата.

Претставник на нигериската полиција изјави дека во зградата имало исламско училиште и оти седум лица биле уапсени во врска со инцидентот, пренесува Хина.

„Децата, од пет години и постари, се згрижени од државните власти. Две од децата се од Буркина Фасо, а останатите биле донесени од родителите од сите делови на Нигерија, претежно од северните провинции“, објасни полицискиот службеник Јакубу Сабо.

Меѓу уапсените се наставници од исламски училишта.

Исламските училишта, познати како Алмахирис, се вообичаени во мнозинството муслиманско подрачје во северна Нигерија. Земјата е подеднакво поделена на муслимани и христијани.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!