Свет

Поддршка пред руската амбасада во Братислава: Словаците против воената соработка со САД

The sweet life of Russian spies in Slovakia: orgies in the mountains and a  conspiracy apartment in Bratislava – TricksFast

Пред руската амбасада во Братислава денеска се одржа собир на поддршка за Русија и против зајакнување на воената соработка меѓу Словачка и САД.

Портпаролот на руската амбасада Виталиј Житјук за руската агенција ТАСС изјави дека на собирот имало околу 100 активисти.

– Тие носеа руски и словачки знамиња. „Тие изразија сериозна загриженост поради договорот на Словачка за воена соработка со САД“, рече портпаролот.

Според резултатите од анкетата објавена пред 10 дена, 35 отсто од Словаците се против воениот договор меѓу Словачка и САД, 19 отсто сметаат дека соработката е нецелисходна, додека 56 отсто од испитаниците сметаат дека треба да се организира референдум за тоa.

Само 15 отсто од испитаниците го поддржале проширувањето на воената соработка со Вашингтон, јави ТАСС.

Договорот, кој меѓу другото предвидува американските сили да користат две воздушни бази во Словачка, во средата беше прифатен во парламентот во Братислава, а истиот ден беа парафирани од словачката претседателка Зузана Капутова.

Некои политичари, вклучително и поранешниот премиер Роберт Фицо, тврдат дека единствената цел на договорот е да се доближат американските војници до руските граници, во екот на кризата околу Украина.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!