Регион

Под притисок на демонстрантите Борисов ја понуди својата оставка

Бойко Борисов: След края на мандата ще дам път на младите | Клуб 'Z'

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, понуди денес да поднесе оставка, ако на тој начин би ја спасил коалициската влада.

На конференцијата на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија, Борисов рече дека тој ќе разговара за таа можност со лидерите на двете партии од владејачката коалиција, пренесува АП.

Оставките на Борисов и на бугарскиот државен обвинител се меѓу клучните барања на студентите на протестот во таа земја, што трае веќе еден месец.

Демонстрантите ги обвинуваат властите за врски со мафијата, одбивањето да се борат со корупцијата и да го реформираат судството како и за сузбивање на слободата на говорот.

Борисов е на власт од 2009 година, а неговиот трет мандат истекува во март следната година.

Protesti u Bugarskoj

Loading...

Related posts

Leave a Comment