Свет

Пожар во Краснојарск, осум мртви

 

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Пожарот избувнал околу 10:30 часот на третиот кат на станбена зграда, а пожарникарите излегле на теренот осум минути по повикот, соопштиja медиумите .

„По гаснењето на пожарот, пронајдени се телата на осум лица, меѓу кои и четири деца“, соопшти Министерството.

Извор на локалната администрација изјави  дека обвинителот Василиј Федорков, од блискиот град, е загинат во пожарот.

Истрагата за пожарот е во тек.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!