СпортТенис

Познатиот Матс Виландер му симна капа на Новак:„Тој е фаворит на Вимблдон и УС Опен, тој е ужасно добар“

Mats Wilander: ”Novak har spelet och attityden att bli den bäste någonsin”  | Cafe.se

Новак Ѓоковиќ успеа да го освои вториот пехар на Ролан Гарос со пресврт против Стефанос Циципас. Иако губеше со 2:0 против грчкиот тенисер, успеа да се врати и на крајот да слави со триумф.

Тоа го принуди легендарниот Матс Виландер, кој сега работи како коментатор на Еуроспорт, да го прогласи за апсолутен фаворит на „Вимблдон“ и на „УС Опен“.

– Влегуваме во делот од сезоната каде што ќе мора да го ставиме Новак во позиција на фаворит за победа на Вимблдон, а истата ситуација ќе биде и на УС Опен, поради сè што прави на тврда подлога. Така да, трката е тука и Ѓоковиќ изгледа многу млад, беше свеж на крајот од мечот, тој е навистина ужасно добар и мотивиран – изјави Виландер.

Нему не му беше јасно како Новак најде ментална сила да се врати во мечот.

– Не знам што си вели себеси кога два сета е во минус, дали е во состојба целосно да го заборави резултатот или да сфати што треба да стори после поминати два часа на теренот со противникот? Тој секогаш извлекува вистински удар во вистинско време. Тој изгледа посвежо како што одминува натпреварот, тој е толку паметен и силен и  мирен овие денови. Се чини дека не е можно да се победи во третиот, четвртиот и петтиот сет – истакна Швеѓанецот.

Потоа се осврна на фактот дека ова е голем удар за Стефанос Циципас.

– Ова е навистина голем удар за Стефанос, бидејќи водеше со два сета и ми се чинеше дека само требаше да го задржи својот сервис. Беше поен или два од победа во мечот. Тој најверојатно ќе освои трофеј на Грен слем турнир, но да го загуби првото гренслем финале вака откако поведе со 2-0, нема да остави голема лузна, бидејќи му беше јасно дека ќе биде тешко. Игра против непобедлива генерација, како што рече Новак во Рим – „нова генерација, тоа сум јас“. На Стефанос, Саша и останатите ќе им биде многу тешко да играат во пет сета, бидејќи претходниве знаат да ги играат – изјави Виландер.

На крајот, тој објасни дека Новак е дури и подобар од славниот Бјорн Бјорг, кој мора да разбере дека ова е време на некои неверојатни луѓе.

– Дури и Бјорн Борг, кој освои неколку Грен слемови по ред, разбира дека овие играчи се неверојатни, дека не се човечки суштества – заклучи Виландер.

Related posts

Leave a Comment