Свет

Политичка криза во Пакистан: Падна владата на Имран Кан!

Stop 'blackmailing: Pakistan PM Imran Khan, Minister exchange heated words,  says report

Пакистанскиот парламент се состана во саботата за да гласа за иднината на Имран Кан како премиер на нацијата, по овонеделната одлука на Врховниот суд на Пакистан – дека негирањето на парламентот за гласање доверба на премиерот е неуставно. Се сметаше дека пресудата им нанесе огромен удар на надежите на Кан да ја задржи власта во Пакистан и неговите планови да распише нови избори. Така и испадна.

Пакистанскиот парламент пред околу еден час му изгласа недоверба на премиерот Имран Кан, јави  Dawn , а веста ја потврдуваат индиските медиуми Hindustan Times и руската RIA Novosti .

За оваа одлука гласаа 174 пратеници, од потребните 172 гласа.

Непосредно пред гласањето за недоверба на премиерот, претседателот на пакистанското национално собрание (долниот дом) Асад Кајзер поднесе оставка, наведувајќи го фактот дека „не може да учествува во странски заговор за соборување на Кан“.

Опозициските партии ја обвинуваат владата на Кан за високата инфлација, додека Кан ги обвинува опозициските лидери за обидот да го сменат од функцијата бидејќи не сакал да се помири со нивната наводна корупција. Одлуката за поништување на гласањето недоверба и распуштање на Парламентот предизвика незадоволство кај опозициските партии кои ја оспорија одлуката пред суд.

 

Минатата недела, потпретседателот на пакистанскиот парламент одби гласање недоверба на премиерот Имран Кан, нарекувајќи го спротивно на членот 5 од уставот. Набргу потоа пакистанскиот претседател на предлог на премиерот го распушти парламентот.

Во четвртокот пакистанскиот Врховен суд ја отфрли одлуката за отфрлање на барањето за недоверба на премиерот Имран Кан во парламентот на земјата, а потоа го распушти. За оваа одлука едногласно гласаа сите пет судии на Врховниот суд. Судот, исто така, му нареди на претседателот на Националното собрание Асад Кајзер да свика седница во сабота (9-ти април) за да му се изгласа недоверба на премиерот.

 

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!