Соопштенија

Полицијата извршила претрес во домот на уметникот Марјан Камиловски за наводно „велепредавство“

На конференција за медиумите уметникот и еден од авторите во проектот Скопје 2014, Маријан Камиловски даде детален опис на претресот кој полицијата го извршила во неговиот стан.

На 16.06.2021г, тргнав кон својот автомобил пред зградата во која живеам, со цел обавување на секојдневните активности. На паркингот бев пресретнат од полициски инспектор, кој културно се легитимираше и ми покажа налог за претерс на мојот стан, издаден од страна на истражен судија. Потоа се појавија и околу 10-тина полицајци од кои 4-рица во униформи на Специјалната полиција и видливо тешко вооружени. Морам да признаам дека се однесуваа пристојно и дека целиот процес помина без инциденти и немаше никакви провокации ниту од нивна ниту од моја страна, освен што се шегувавме за необично големиот број вооружени полицајци за приведување на уметник и политички активист. Посебно се изнасмеавме на мојата примедба дека тој кој испратил толкава вооружена сила по мене, очигледно ме поистоветил мене, Марјан Камиловски, академски сликар и цртач на стрипови и моето фејсбук Алтер-его Логан, односно суперхеројот Вулверин.

Но, законските членови по кои е наложен претресот не се наивни, напротив, само покажуваат како хунтата ги первертира законите и ги користи за репресија. Од членовите наведени во налогот, запаметив само 2 -Велепредавство и Организиран криминал.

Освен што е прилично вознемирувачки и очекувано од нелегалната хунта, ова беше и добар изговор за запленување на моите 2 компјутери и лаптопот, како и мојот мобилен телефон. На страна фактот дека компјутерите ми се основно средство за работа, бидеќи како ликовен уметник, тезгарам, правејќи графички дизајни, затоа што од денот на Комунистичко-балистичкиот преврат во Македонија и јас и повеќето колеги кои работевме проекти за предходната влада сега сме без работа, ситуацијата им овозможува и тотално да ги блокираат и моите активности во „Не отворам врата“. При претресот, не беше пронајдено ни огнено, ни ладно оружје, ни распрскувачки материјали, било што би било компромитирачко, па поради тоа моето лишување од слобода беше кратко и заврши со моја изјава која воглавном се однесува на моите фејсбук статуси базирани на хумор и црн хумор, типичен за поднебјево и типичен за суперхеројот Логан чиј имиџ го имам превземено на мојот Фејсбук профил.

Се наметнува прашањето како ова да го сватиме?

Да ве потсетам на извонредниот роман, на починатиот италијански писател Умберто Еко „Името на розата“. Заплетот на романот се случува во среден век во Европа во која царува инквизицијата, и околу забранетата книга на Аристотел за која на крајот се испоставува дека е тоа книгата на комедијата. Без обзир дали зборуваме за инквизиција, фашизам или комунизам, секој тоталитарен режим има проблем со духот од кој произлегува духовноста, исмевањето, пародијата и вистината.

Ова го сваќаме како комплимент. Хунтата на Заев ни дава комплимент како на противници кои му задаваат сериозни удари, како што се успешната кампања за бојкот на референдумот и одложување на пописот. Ова го сваќаме како покана за ТВ дуел со Заев. Би било убаво да објасниме што е Велепредавство и Организиран криминал.

Според законот, под Велепредавство, член 305, се подразбира: тој кој со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го урне уставниот поредок на Р. Македонија или да ги собори легалните државни органи….итн

Кој се вклопува во овој опис, Зоране Заев?

Кој дојде на власт со насилство, лаги, со шарена револуција, со кршење устав, со пеење албанска химна, со Тиранска платформа ….дали е ова опис на мојот фејсбук профил или на твоето реално квази-политичко делување? Дали е сериозна закана мојот Фејсбук статус или палењето на Претседателската канцеларија или тепањето и фарбањето полицајци? Дали е организиран криминал мојот Фејсбук статус или давањето лажни пасоши на криминалци, набавката на вакцини преку фиктивна фирма во Хонг-Конг, ослободување убијци, благи казни за шверцери на 750 кг. кокаин, Ковид масакарот кој можеше да се превенира уште лани во август доколку се прифатеа Руските вакцини, да не зборуваме за Луј Витон ташните со милиони, марихуана, итн.

Би било убаво ова јас и ти да го изанализираме на Телевизија. Те уверувам дека сум обичен човек, и немам канџи од Адамантиум, како и тоа дека Логан е фиктивен карактер од стриповите и филмовите за суперхероите. Немој да се плашиш , барем што се однесува до мене твојата глава е сто отсто безбедна.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!