Свет

Полицијата испука солзавец кон противниците на фашистичките ковид мерки во Братислава, повредена е полицајка(ВИДЕО)

Полицијата испука солзавец кон противниците на мерките во Братислава, повредена е полицајка

Интервенција полицијата испука солзавец кон стотици демонстранти кои го блокираа влезот во зградата на словачкиот парламент и го гаѓаа со јајца додека пратениците расправаа за законите на кои демонстрантите се противата а се во врска со ограничувањата поради ковид-19.

Некои демонстранти извикуваа „Предавство“, а еднжен од нив носеше натпис „Стоп за корона фашизмот“ поради нацрт-законот со кој на вакцинираните против ковид-19 би им се овозможил полесен пристап до јавни настани и простори, така што, на пример, во трговските центри ќе може да се влезе само со дигитален сертификат .

Владата се надева дека ваквиот закон ќе ги натера луѓето да се вакцинираат. „Преземаме мерки за заштита на животот на сите граѓани, вклучително и на демонстрантите“, рече премиерот Едуард Хегер. 

Некои демонстранти се обвиткаа со националното знаме или го вееја пред парламентот во главниот град на Словачка, Братислава.

Повредена полицајка

Една полицајка е полесно повредена, го цитираат словачките медиуми претседателот на парламентот Борис Колар. Протестот продолжи мирно и на крајот се смири по интервенцијата на полицијата.

Членката на Европската унија, со 5,5 милиони жители, наметнува луѓето да бидат вакцинирани против ковид-19.

До четврток, само 34,9 проценти од населението биле целосно вакцинирани, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Тоа е една од најниските стапки на вакцинација по глава на жител во ЕУ.

Некои опозициски партии јавно се спротивставија на вакцинацијата, вклучувајќи го и поранешниот премиер Роберт Фицо, кој рече дека нема да се вакцинира.

Related posts

Leave a Comment