Свет

Полјански: Нашите докази јасно укажуваат дека бил планиран напад врз Русија од Украина

Документите пронајдени од руската армија за време на специјалната операција во Украина покажуваат дека имало конкретни планови за напад врз Русија од украинска територија, изјави првиот заменик претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пoлјански .

– Можам да кажам дека е очигледно дека сега кај нас се води прокси војна. НАТО води прокси војна против Русија, а не обратно – изјави Полјански за телевизијата „Скај њуз“.

Тоа е реалноста со која се соочуваме.

– Документите што ги откривме, доказите што ги добивме на почетокот на нашата специјална воена операција, јасно укажуваат дека имало конкретни планови за напади врз Русија од територијата на Украина, а имало и конкретни планови за напади на Донбас – нагласи Полјански.

Според него, на тоа укажуваат и документите кои руската страна ги добила од украинските генерали.

Така Русија нанесе еден вид превентивен удар, заклучи тој.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин, обраќајќи им се на учесниците на Парадата на победата што се одржа на Црвениот плоштад во Москва по повод 77-годишнината од победата во Големата татковинска војна, рече дека Русија однапред се спротивставила на агресијата и дека тоа е единствената правилна одлука.

Специјална воена операција во Украина

На 24 февруари Путин го објави почетокот на воената операција за демилитаризација на Украина. Обраќајќи им се на своите сограѓани, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките во Донбас се обратија до Москва за помош.

Путин истакна дека целта на операцијата е „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“. Според него, за тоа се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“ и да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства над цивилите“ во Донбас.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!