Македонија

Помпео во посета на Македонија на почетокот од октомври, ќе го разгледува Охрид

Американскиот државен секретар Мајк Помпео од 1. до 6. октомври ќе биде на европска турнеја при што покрај Италија, Ватикан, Црна Гора и Грција ќе ја посети и Македонија, се најавува на интернет-страницата на Стејт департментот.

Според најавата, американскиот државен секретар во Охрид ќе ја посети црквата Света Богородица Перивлепта, а ќе има и официјални средби со претседателот Пендаровски, премиерот Заев и други владини претставници.

Според агендата, Помпео најпрво ќе присуствува на симпозиум организиран од САД и Ватикан посветен на верските заедници, а ќе има и средба со папата Франциско.

Во Рим американскиот државен секретар ќе се сретне со италијанскиот претседател Серџо Матарела, премиерот Конте и министерот за надворешни работи Ди Мајо. Во Абруцо, Помпео ќе ја посети локацијата каде се наоѓал домот на неговите предци.

Секретарот потоа ќе отпатува за Црна Гора, каде ќе се сретне со претседателот Џукановиќ, премиерот Марковиќ и министерот за надворешни работи Дармановиќ.

По посетата на Црна Гора, следи посетата на Северна Македонија, а турнијата Помпео ќе ја заокружи во Атина, каде ќе биде гостин на грчкиот премиер Мицотакис, министерот за надворешни работи Дендијас и министерот за одбрана Никос Панајотопулос.

Related posts

Leave a Comment