Свет

Помпео најде нова работа: Дали се подготвува за претседателска кандидатура

Мајк Помпео, поранешен државен секретар на САД

Поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, најде нова работа, по промената на претседателската администрација. Тој се приклучи на конзервативна „тинк-тенк“ организација, а американските медиуми шпекулираат дека зад тоа стои неговата намера да се кандидира за претседател во 2024 година.

Мајк Помпео, кој веќе нема државна функција откако администрацијата на Џо Бајден ја презеде власта во Америка, доби работа во Хадсон Институтот, непрофитна организација со седиште во Вашингтон, објави “Њујорк пост”, повикувајќи се на “Аксиос” .

Според американските медиуми, Помепо на тој начин ќе може активно да учествува во политичката дебата, но и да биде близу до најголемите донатори на Републиканската партија.
„Задоволен сум што се приклучив на Институтот Хадсон и се надевам дека ќе придонесам во неговата мисија за промовирање на американското лидерство и глобалното учество“, рече Помпео.

Институтот Хадсон е популарен меѓу американските конзервативци , кои сметаат дека тоа е платформа за нивните политички предлози.

„Секретарот Помпео има историја на јавни служби за пример, а неговата посветеност кон вредностите што ги промовираме го прави извонреден за соработка“, рече Сара Меј Стерн, претседателка на Институтот.

Шпекулациите дека Помпео би можел да биде републикански кандидат за следните претседателски избори се разгореа со неговиот твит, кој го објави ден по инаугурацијата на Џо Бајден за претседател. Помпео тогаш напиша „1.384 дена“ на Твитер, што во тоа време беше бројот на денови до следните претседателски избори.

Loading...

Related posts

Leave a Comment