Свет

Поранешен соработник го обвини Нетанјаху: Тој е сојузник на Хамас, неговата цел се нови избори

Avigdor Liberman to give public interview in Tel Aviv, in English | The  Times of Israel

Тој смета дека заради безбедноста на израелската позиција, конфликтот мора да заврши со разоружување на Хамас во рамките на договорот за економска помош на Газа и враќање на телата на двајца израелски војници кои се држат од Хамас.

Денес лидерот на партијата Нашиот дом Израел, Авигдор Либерман го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху дека влегол во конфликт со Хамас со цел да победи на нови избори во земјата.

Во интервју за Канал 12, поранешниот сојузник на Нетанјаху изјави дека тензиите не мора да се развиваат на овој начин и оцени дека стратешката цел на сегашниот конфликт е да се подобри статусот на Нетанјаху во израелската јавност со цел да се „вовлече“ земјата во петти избори.

– Сè додека мандатот за формирање влада е во рацете на (мандаторот) Јаир Лапид, Нетанјаху ќе го одржува конфликтот – тврди Либерман.

Тој го нарече Нетанјаху „соработник на Хамас“, наведувајќи дека е во интерес и на израелскиот премиер и на таа организација да продолжат со непријателствата, пренесува Times of Israel.

Тој смета дека заради безбедноста на израелските граѓани, конфликтот мора да заврши со разоружување на Хамас во рамките на договорот за економска помош на Газа и со враќање на телата на двајца израелски војници кои Хамас ги држат.

„Ако тоа не се случи, се боревме за ништо“, рече Либерман.

Израелскиот претседател Ревен Ривлин на 5 мај одлучи да му го довери мандатот за состав на новата влада на опозицискиот лидер Јаир Лапид.

Доколку опозицијата успее да формира влада, тоа ќе значи крај на владеењето на Нетанјаху, во спротивно на есен може да се одржат петтите избори од април 2019 година во Израел.

Related posts

Leave a Comment