Свет

Поранешниот Австралиски премиер Скот Морисон „фундаментално ги подкопал “ принципите над една одговорна влада.

Prime Minister Anthony Albanese to consider Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy's invitation to visit Kyiv - ABC News

 

Правен совет установи дека Скот Морисон „фундаментално ги подкопал “ принципите над една одговорна влада. Што ќе се случи сега? Според политичкиот известувач Том Лоури за АБС државната медија во Австралија, одкако една недела по дознавањето дека Скот Морисон држел многу други дополнителни министерства, пополека се обелоденуваат одговори на прашањата.

Сега е јасно дека тоа што тој скришно ги превзел дополнителните портофеља било законски но мошне сомнително. Според зборовите на Главниот адвокат Д-р Стивен Донахју, Морисон „фундаментално ги подкопал “ принципите на една одговорна влада. Д-р Стивен Донахју го даде овој совет на актуелниот Премиерот Антони Албанези, кој пак спомна дека ќе има други истражувања.

Еве што може да следи. Сојузната влада се враќа на работа после една и малку недела, кога членовите на Парламентот и сенаторите се вратат во Канбера на 5 септември. Скот Морисон веројатно ќе го земе своето ново место во редовите на опозицијата. Тогаш можно е парламентарните процедури за истрага на неговите неколку министерства да започнат и да земат моментум. Партијата на Зелените бара Парламентот да спроведе истрага преку моќниот „Комитет за Привилегии“. Таквата истрага би требало специфично да го разгледа прашањето дали Морисон го ставил во заблуда Претставничкиот Дом со тоа што држел дополнителни портофеља за кои никој не знаел. Најлош исход би било веројатно Предлог за оценка што всушност значи дека Парламентот формално ќе ja нотира својата загриженост.

Но ова не би била некоја масовна последица, и досега се случила ретко кога само два членови на Парламентот кои не биле Премиери нити лидери на Опозицијата подлегнале на Предлог за оценка против нив. Но да го ставиме ова на страна, кога Морисон и неговите колеги во коалицијата се вратат на работа во исти простории тогаш ќе се види какви се нивните односи еден кон друг. Премиерот на Австралија објави денес дека има намера да повика поголема истрага околу многубројните министерства, но досега поединостите се скудни.

Истрагата ќе ја предводи „еминентна личност со адвокатско искуство“ веројатно поранешен судија или судски адвокат. Тоа ќе биде обид за да се оддалечат од политиките на една таква истрага. Досега не е објавено кога и до кога ќе трае истрагата, но Антони Албанези најави дека тој би сакал истрагата за започне што поскоро. Кога вчера беше запрашан кои се прашањата на кои што треба одговори, тој го рече следното „ Зошто се случило тоа, како се случило тоа, кој знаеше дека тоа се случувало?. Кои се импликациите за Парламентарниот систем.

Дали има правни импликации од донесените одлуки? Како можи ова да се избегни во иднина“? Скот Морисон најави дека тој би бил дел од „еден вистински процес за дознавање какви лекции може да се научат од пандемијата“. Но тој исто така рече дека една истрага би требало исто така да ги разгледа постапките на државите и териториите и нивното менаџирање на епидемијата, што изгледа дека би бил доста поинаков процес на оној за кој зборува Премиерот Албанези.

Зелените бараат истрагата да има иста сила како една Кралска Комисија, која би можела да донеси одлуки за обавезно снабдување и доставување на документи, или појава на сведоци кои ќе дадат доказен материјал. Одкако веста околу оваа сага излезе пред една седмица, многу работи се обелоденија. Првин дознавме дека Морисон превзел неколку министерства, а потоа ја слушнавме неговата изјава за медиумите и вчера ја дознавме изјавата на вториот човек на службата Генерален адвокат во земјата.

Но од сега натаму темпото ќе се намали бидејќи процесите ќе започнат да се одвиваат. Но, една измена е веќе направена а таа е дека Премиерот Албанези објави дека од сега натаму кога се поставуваат Министри на додатни портофеља, јавноста ќе биде известена. Во меѓувреме, поранешниот премиер на Австралија ќе продолжи да го застапува избирачкото место Кук, инсистирајќи дека ќе остане, и дека ќе ја извести јавноста за неговите планови во иднина после следните избори.

Силвана Павловска Новинар/Дописник од Мелбурн Австралија 24/08/2022 г.

 

Related posts

Leave a Comment