Свет

Ердоган му заби нож во грб на Путин: Анкара го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ја отфрла илегалната анексија на Крим

EPA-EFE/PAVEL GOLOVKIN / POOL

ИСТАНБУЛ – Анкара го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ја отфрла илегалната анексија на Крим, изјави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Враќањето на Крим во Украина е суштинска потреба од аспект на меѓународното право“, рече Ердоган во видео пораката за време на вториот самит на Кримската платформа, меѓународниот механизам за координација со кој Киев се обидува да привлече поголемо глобално внимание кон руската анексија на Крим во 2014 година, пренесува Ал Џезира.

Во извештајот на Anadolu Agency се наведува дека Ердоган потврдил дека Анкара ќе продолжи да ја поддржува Кримската платформа и мирното решавање на кримското прашање.

– Принципиелната позиција на Турција има не само правна, туку и морална основа, рече Ердоган и посочи дека заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство на Украина е од клучно значење за регионалната и глобалната безбедност и стабилност.

„Обезбедувањето на безбедноста и благосостојбата на кримските Татари е исто така меѓу приоритетите на Турција“, рече Ердоган.

Related posts

Leave a Comment