Македонија

Поранешниот пратеник Јосифовски е приведен поради упад во системот на Централен регистар

 

Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко, дознава велат извори од МВР.

Полицијата потврдува дека бил приведен но засега не се познати деталите за случајот.

Според неофицијални информации тој се поврзува со делото “неовластено навлегување во компјутерски систем”.

Според извори од полицијата се истражува неовластено навлегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.

Се очекуваат повеќе детали за случајот.

Љубомир Јосифовски беше пратеник од редовите НСДП на Тито Петковски во претходниот паламентарен состав на кого  му беше  ривал во трката за лидер на НСДП.

Related posts

Leave a Comment