Македонија

После Срамниот Прв Круг Политичарите Треба да се Преслушаат! Продолжуваме со Бојкотот – Тврдокорни!

Не дека ќе се преслушаат, но би требало.

Во услови на целосна пропагандна покриеност. Сите гласила во свои раце. Скапа манипулативна пропаганда поткрепена со сепшта странска поддршка. Соседна, балканска и политичко-глобалистичка. Целата општинска и државна власт во раце на власта. Непопречени од никого. Без никаква спротивставена организирана политичка сила.

И резултатот:

– Референдумот – неуспешен и покрај полнењето на кутиите.
– Претседателски избори – сите партии и власт и опозиција заедно одвај успеваат да исполнат цензус со полнење на кутиите со неважечки ливчиња.

Спрема ПИ 2014 година на овие ПИ 2019 година

ДПМНЕ изгубиле 534.910 (2014) – 319.240 (2019) = 215.670 гласови.
СДС изгубиле 398.077 (2014) – 232.846 (2019) = 165.231 гласови.

Цензусот е исполнет со полнење на кутиите со неважечки ливчиња. Јасно е дека не е нормално 32.000 неважечки од 755.000 кога во 2014 за 893.000 имало 23.000 неважечки гласачки ливчиња.

Вкупно заедно двете партии изгубиле над 380.000 (просек 190.000) гласови.

Со овие бројки каде ви е легитимитетот (читај лицето) пред народот за вашите политики од изминативе 2 години?

Прашајте се вие „елитни“ политичари каков би бил резултатот доколку на спротивставениот став изразен во Бојкотирам би му била дадена рамноправна можност за да се претстави во јавноста онака како што законот налага. Бидејќи гласачките настани треба да бидат организирани на начин кој ќе овозможи најверно отсликување на народната (граѓанската) волја.

Прашајте се каква би била народната волја доколку не вршите притисок врз оние 150+ 000 буџетари кои се принудени да излезат на гласачките кутии.
Прашајте се вие од СДС како сега кога ја имате и републичката и општинската власт имате 80.000 помалку гласови отколку во услови на режим. И покрај злоупотребата на судските, полициските и изршните органи за вршење на политички притисоци. Исто така прашајте се колку од македонскиот народ (оној чии интереси требаше да ги застапувате) ќе ви остане ако го исклучите службеништвото, гласовите од етничките заедници и гласовите од сопствените членови кои гласаат под сила на авторитетот.

И уште велите изборите се одржани во фер, рамноправни и демократски услови. Можеби фер за вашите партии претставници на елитата. Никако фер за македонскиот народ.

Прашајте се вие од ДПСМНЕ како тоа заедно со СДС едвај ги надминувате бројките од референдумот 2018 година. Дури и заедно да се соберите со СДС далеку сте од референдумскиот цензус.
Прашајте се што ќе беше ако бевте со народот и вие БОЈКОТИРАВТЕ. Со БОЈКОТ ќе ги прегазевме СДС. Ќе беа принудени на собраниски избори. И ете слободата и правдата на која се повикувате ќе беше во ваши раце. Зошто ние да ви се приклучиме во пораз на Претседателски избори. Зошто вие да не се приклучите во СИГУРНА ПОБЕДА НА БОЈКОТ. И тоа не само победа за формалната власт која ја има Претседател, туку во целосен политички пресврт во македонска полза. Погледнете ги бројките. Таборот на Македонци бојкотирачи е поголем од таборот на Македонци кои гласале за СДС-ДПСМНЕ.

И да добиете Претседател. Што е различно за да веруваме дека новиот дпмнеовски Претседател ќе биде различен од стариот.

Секако дека нема да се преслушате. Но би требало заради ваше добро. Можите да притиснете, да излажите и да заблудите делови од народот ама поголемиот дел од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВЕ ОТФРЛИЛ ЗАСЕКОГАШ. Никакви манипулаторства НЕ ВИ ПОМИНУВААТ.
ПРОДОЛЖУВАМЕ СО БОЈКОТОТ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД САМ ПРОТИВ СИТЕ, Сѐ ДОДЕКА НЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТА НАСУШНАТА ПРАВДА – МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!!!

Преземено од Тврдокорни блогот:

ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕСЛУШААТ

Loading...

Related posts