Македонија

104 години од убиството на Јане Сандански

Убиство на Јане Сандански

Убиството на Јане Сандански било извршено на 22 април 1915 година кај месноста Блатата на патот од Рилскиот манастир за Неврокоп. Бил нападнат од 7-8 души кои биле вооружени со пушки и најверојатно биле од неврокопската чета на ВМРО, еден од нив го заобиколил и го застрелал во грб. Се претпоставува дека нападот бил организиран од Стојан Филипов, а како физички убиец бил посочен Андон Качарков. Судот сепак ги оправдал поради недостиг на докази. Трупот на Јане бил пронајден од карванџии.

На околу 200 м источно од Роженскиот манастир е црквата Св Свети Кирил и Методиј, изградена во 1914 година од страна на Јане Сандански. Таму се наоѓа и неговиот гроб. По известувањето за заговорот против него, Фердинанд најверојатно ја поддржувал идејата за ликвидација на Јане, но на неговиот погреб испратил венец, кој е поставен од Јонко Вапцаров. На надгробната мермерна плоча се читаат неговите зборови: „Да живееш, значи да се бориш. робот – за слобода, а слободниот – за совршенство”.

Причини за убиството

По почетокот на Првата светска војна и Валандовската афера од 1915 година која имала за цел да ја внесе Бугарија во оваа војна. Сандански и неговите приврзаници се спротивставиле на таквата политика, правејќи обид да ја спречат акцијата и војната. Во есента 1914 година кога Пиринска Македонија била во рамките на Бугарија, повеќето од македонските револуционери, а меѓу нив и Сандански, биле во своите родни краеви во Македонија под Бугарија, или во Софија. Во тоа време Сандански живеел во Мелник, како легален бугарски граѓанин.

Во периодот помеѓу есента 1914 и зимата и пролетта 1914/1915 година имало повеќе средби помеѓу Сандански и македонските револуционери. Тие дискутирале по повеќе прашања: политиката на Фердинанд, положбата на Македонците под српската и грчката власт, нивното масовно мигрирање во Бугарија, за очајната положба на македонските емигранти во Бугарија.

Сандански и неговите соистомисленици решиле да се организираат преку собирање на свои приврзаници и евентуални сојузници, а како противници на политиката на војна се изјасниле: Крсто Станчев Раковски, познат активист на Балканската Социалдемократска Федерација и анархистот Михаил Герџиков. Нивната цел била борба против политиката на Фердинанд и владата на Радославов, барајќи патишта и начини:
по кои да се избегнат нови катастрофи и разурнувања.
Сметајќи го Фердинанад за носител на политиката на погроми и катастрофи, одлучиле тој да биде ликвидиран и новиот режим во Бугарија да биде прокламиран во името на народновластието и против империјалистичката војна и реваншот. Атентатот врз Фердинанд требало да го извршат македонските и тракиските револуционери, а воведувањето на народовластието требало да го спроведат политичките партии на Бугарија, кои зад себе имале поголема маса приврзаници. Заради преговори со лидерите на политичките партии во Бугарија била избрана тричлена делегација во состав: Јане Сандански – претставник на македонските револуционери, Михаил Герџиков – претставник на одринските и Крсто Станчев – претставник на бугарските журналисти и општественици. Меѓутоа не бил постигнат договор со политичките партии. Дел од нив биле вчудоневидени, дел уплашени, дел малодушни и не го одобрувале тој, според нив, анархистички чин.

Меѓутоа најголемо изненадување им приредил бугарскиот егзарх Јосип I кој пред делегацијата ги заредил лошотиите кои Фердинанд и ги нанел на Бугарија… и дека додека тој е жив нема да дозволи на бугарските воени и граѓански водачи да се еманципираат од неговото (Фердинандовото б.н.) туторство, од неговото влијание, од моралниот гнет во кој ги држел. Затоа, на крајот, Егзархот истакнал:

Благословена да е раката која ќе го кутне Фердинанда. Кој ќе го стори тоа ќе биде најголем благодетел на Бугарија.
И покрај поддршката на Егзархот целата акцијата на Сандански останала тесен заговор без поширока политичка поддршка. Меѓутоа владејачките кругови разбрале за заговорничката иницијатива и власта започнала со прогон и апсење на лицата за кои сметала дека го планирале убиството на Фердинанд. Биле обвинети и затворени Александар Стамболиски, лидерот на Бугарскиот земјоделски национален сојуз и други видни бугарски општественици.

Паралелно започнала и Валандовската афера, на кои настани Сандански бил огорчен противник. Случајно или не, неколку дена по Валандовската акција, по наредба на Фердинанд и неговите помагачи околу Тодор Александров, на 21 април 1915 година, во шумите на Пирин, Јане бил убиен.

Related posts