Македонија

Почина мајката на сопругата на претседателот Пендаровски, резултатите од тестот ќе покажат дали била заразена од корона вирус

Мајката на сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска била донесена на клиниката за пулмологија, каде што и починала.  Таа претходно една година била во тешка здравствена состојба

“Посмртно е земен брис за корона вирус и за резултатите дополнително ќе биде информирана јавноста, најверојатно во текот на утрешниот ден. Генерално, досега немала симптоми на Ковид-19” – соопшти кабинетот на претседателот на државата.

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска не се тестирани за новиот корона вирус а дали ќе бидат тестирани зависи од резултатот на тестот на  починатата жена.

Loading...

Related posts

Leave a Comment