Свет

ПОЧИНА МЕДЛИН ОЛБРАЈТ, ПОЗНАТА ПО ЅВЕРСКАТА ИЗЈАВА, „СМРТТА НА ПОЛОВИНА МИЛИОН ИРАЧКИ ДЕЦА Е ЦЕНА КОЈА ВРЕДЕШЕ“(ВИДЕО)

 

Kako je mala Madlenka iz Beograda postala Medlin Olbrajt

Поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт почина денеска на 85-годишна возраст.

На просторите на поранешната држава, а посебно во Србија ќе остане запаметена како безмилосна жена, една од најгласните поборници за бомбардирањето на Југославија и независноста на Косово. Нападот на трупите на НАТО врз Југославија под лажни обвинувања и докази не е единствениот што Медлин Олбрајт сесрдно го поддржа.

Уште пред нападот на Југославија, Медлин Олбрајт ги поддржуваше сите форми на насилство врз земјите кои покажаа непослушност кон Америка. Откако Американците во 1990 година воведоа санкции кон Ирак, Обединетите нации постојано апелираа да се укинат санкциите поради високата стапка на смртност на децата поради недостиг на храна, што Американците упорно го одбиваа.

Во интервју во 1996 година, новинарка ја праша Медлин Олбрајт дали смртта на половина милион ирачки деца, многу повеќе од бројот на убиени деца во Хирошима, „вреди“ за цената на она што тие го заговараат, на што Олбрајт самоуверено одговори дека одлуката била тешка, но таа односно тие веруваат дека вреди.

Шокираниот израз на водителката и јавноста по оваа скандалозна порака, Медлин Олбрајт не ја спречи понатаму да се залага за сеење смрт низ светот.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!