Политика

Почина поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак почина во болницата во Каиро на 91-годишна возраст. Мубарак беше египетски претседател 30 години, од 14 октомври 1981 до 11 февруари 2011 година, се додека не беше соборен по масовните протести во 2011 година,  за време на револуцијата позната како Арапска пролет. Следната година  беше осуден на доживотен затвор за смртта на околу 900 демонстранти, кои беа убиени од безбедносните сили за време на протестите. Заедно со неговиот син беше обвинет и за корупција.  Во март 2017 година повеќето пресуди беа поништени и тој беше ослободен.

Мубарак беше подложен на операција на крајот на јануари. Неговиот син Ала во саботата изјави дека Мубарак останува на интензивна нега.

Неговата смрт беше потврдена денес од државните медиуми. Претходно истиот ден, порталот Ал-Ватан објави дека тој починал во воена болница.

Кој беше Мубрак?

Роден е на 4 мај 1928 година., а како тинејџер се  придружува на военото воздухопловство  и одигрува една од најважните улоги во арапско-израелската војна во 1973 година. По помалку од десет години, тој стана претседател.  Мубарак исто така одигра клучна улога во израелско-палестинскиот мировен процес.

Related posts

Leave a Comment