Свет

По грешка вакцинирале деветгодишно дете против ковид?

Kids and the COVID vaccine: What to know | Fortune

 

Берлин – Во Германија деветгодишно девојче по грешка беше вакцинирано против коронавирус, а детето наводно се чувствува добро.

Според изјавата на полицијата во центарот за вакцинација во Бобинген, во областа Аугсбург, вакцинирано е дете, чиј татко поднел пријава.

Во тек е истрага која според „Аугсбургер алгемајне“ треба да утврди како детето ја примило вакцината. Вакцината требало да му биде дадена на таткото, кој закажал состанок, на кој дошол со својата ќерка.

Според медиумите, лекарот кој требало да ја спроведе вакцината го прашал девојчето дали се плаши од инјекции.

Во моментот кога ја дезинфицирал раката на детето, таткото сметал дека станува збор за шега.

Сепак, веднаш потоа, лекарот му ја инјектирал вакцината од компанијата Бионтек-Фајзер на девојчето. Оваа вакцина во моментов е дозволена само за лица над 12 години. Според медиумите, девојчето наводно се чувствува добро по вакцинирањето.

Related posts

Leave a Comment