Свет

По примерот на Косово со улицата Бил Клинтон во Приштина – Израел ја претстави новата населба ,,Трамп,, во окупираната Голанска висорамнина

 

Специјален состанок на кабинетот беше одржан во чест на најавата на Трамп во мај дека САД го признаа израелскиот суверенитет над неа.

“Ние сме горди да дадеме решение кое ќе му оддаде почит на нашиот голем пријател. Ние ќе продолжиме да ја развиваме Голанск висорамнина во корист на нејзиното еврејско и нееврејско население “, рече Нетанјаху.

Заедницата ќе биде наречена Рамат Трамп, или Трамп Хајтс. Претходно, беше објавено дека Рамат Трамп ќе биде дом на 120 семејства, и секуларни и религиозни. Американскиот амбасадор во Израел, Дејвид Фридман, присуствуваше на свеченото отварање.

Израел ја презеде контролата над Голанската висорамнина во војната во 1967 година и формално ја анектираше во 1981 година, во потег кој, сепак, никогаш не бил признат на меѓународно ниво.

 

На 25 март 2019 година, американскиот претседател Доналд Трамп официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина. Овој потег беше опишан од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како “историски”.

Loading...

Related posts

Leave a Comment