Регион

Православен свештеник уапсен за шверц со оружје

Во БиХ е во тек полициска акција под кодно име Лотика.
Полицијата уапси православен свештеник.

 

 

“Лицето Б.Г. беше обвинето за сторено кривично дело за неовластено производство и трговија со оружје или експлозивни направи”, рече шефот на Одделот за односи со јавноста на Република Српска, Мирна Миљановиќ .

Таа додаде дека во рамките на оваа акција беа спроведени претреси на три локации  – две во Рогатица и еден во Вишеград.

Во акцијата беа пронајдени и запленети  , повеќе парчиња (детонатори), неколку оквири на муниција од различен калибар и повеќе SIM картички и мобилни телефони”, изјави Миљановиќ .

Б.Г. е под кривична истрага, рече таа, и тој ќе биде однесен во канцеларијата на Окружниот обвинител на Источно Сараево,  во текот на денот, пишува БН телевизија .

Локалните медиуми објавија дека, според неофицијални информации, православниот свештеник е од Вишеградската епархија.

Оперативната акција со кодно име Лотика ја реализираа полициски службеници од Дирекцијата за организиран и тежок криминал на МУП на Република Српска во областа на Рогатица и Вишеград.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!