Свет

Прага ќе ја отстрани статуата на советскиот маршал кој ги водеше силите на Црвената армија

 

Статуата на Маршал Иван Коњев, која ги водеше советските сили кои  ослободија најголем дел од Чехословачка и влегоа во Прага на 9 мај 1945 година, беше подигната во 1980 година. Таа е предмет на контроверзии од падот на комунизмот во 1989 година, заради подоцнежните потфати на Коњев, вклучително и неговата водечка улога во соборувањето на Унгарското востанието во 1956 година како и подигнувањето на Берлинскиот ѕид во 1961 година.

Чешките историчари велат дека тој бил вовлечен во руската извидница пред инвазијата на Чехословачка во 1968 година предводена од Советскиот Сојуз. Русија го оспорува неговото учество.

Во последниве години, статуата постојано се нагрдува со црвена и розова боја, поради што раководството на областа Прага 6 треба да ја покрие со церада и да размисли да ја отстрани.

Ова предизвика гнев кај проруските активисти кои неколкупати ја искинаа церадата што ја покриваше статуата. Руската амбасада, исто така, протестираше, велејќи дека покривањето на статуата е сквернавење на сеќавањето на паднатите војници на Црвената армија.

– Ние ја сметаме за срамна денешната одлука за отстранување на споменикот на Маршал Коњев, се вели во изјавата на руската амбасада во Прага во соопштението по одлуката на 6-то окружно собрание на чешката престолнина во четвртокот. 

Претседателот на Чешка, Милош Земан , кој често зазема проруски позиции во политиката, исто така, порано овој месец рече дека споменикот на Коњев треба да остане на своето место.

Спомениците од времето на Советскиот Сојуз предизвикаа контроверзии и на други места во Источна Европа. Во 2007 година демонстрантите   ја опколија Естонската амбасада во Москва, откако естонските власти отстранија бронзена статуа на војник на Црвената армија од неговото место во центарот на Талин.

Во бугарската престолнина Софија, споменик долг 37 метри на кој се прикажани девет советски војници кои одат кон непријателот е честа мета на вандали.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!