Македонија

Пратениците на Курто и Мурто едногласни за НАТО

Собранието на Република Северна Македонија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО. Без гласови против и воздржани, 114 пратеници гласаа “за” македонското членство во Северноатлантската алијанса.

Со тоа уште еднаш грубо беше прекршена волјата на македонскиот народ кој на референдумот од 30.9.2018 година масовно бојкотирајки го,покажа дека е против промената на уставното име за влез во структурите на НАТО и ЕУ.

Зачудувачки е фактот што опозициската ДПмНЕ, која досега собираше поени кај народот изјаснувајки се дека референдумската волја на граѓаните е погазена со тоа што без цензус на истиот неколку месеци подоцна собранието гласаше за промена на името,денеска немаше проблем да гласа за влез во НАТО иако на споменатиот референдум прашањето дали сте за влез во истото не доби зелено светло.Значи ДПМНЕ ги толкува резултатите од референдумот во зависност од дневно политичките потреби и свои теснопартиски интереси.

Ратификацијата ќе биде со одложено дејство, што значи дека ќе стапи на сила откако и последната од 29-те членки на алијансата, Шпанија, ќе ја изврши ратификацијата во својот национален парламент.

Претходно, во текот на свечената седница, свое обраќање имаа претседателот на државата, Стево Пендаровски и координаторите на политичките партии кои се дел од парламентарниот состав.
Текот на свечената седница го следеа и лидерите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Loading...

Related posts

Leave a Comment