Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска по пристигнувањето во Москва изјави дека Русија и Кина се сигурни партнери.
Кина и Русија се добри соседи и сигурни партнери – изјави Кси Џинпинг по неговата државна посета на Русија .
Xi Jinping: Arrival in Moscow
Xi Jinping extended sincere greetings and best wishes to the government and people of Russia.
Xi Jinping: I am confident that my visit will be fruitful and will give new impetus to the development of relations with Russia. pic.twitter.com/uNXZmf4DhB
— cvetko35 (@cvetko35) March 20, 2023
Кинескиот лидер изрази очекување дека неговата посета на Москва ќе даде нов поттик за развојот на руско-кинеските односи, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека очекува да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за важни регионални и меѓународни теми од заеднички интерес.
Chinese President Xi arrives in Moscow to meet with the Russian President Putin. pic.twitter.com/4GLcnf3nkt
— Clash Report (@clashreport) March 20, 2023
Според Кси, Кина заедно со Русија е подготвена решително да го брани меѓународното право, пренесува РИА Новости.
Авионот на кинескиот лидер слета на аеродромот Внуково-2, каде што го пречека рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко.