Македонија

Прв смртен случај во Македонија од корона вирус

 

Прв смртен случај од корона вирусот е регистриран во земјава, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за 57-годишна Кумановчанка, и вирусот кај неа е потврден посмртно. Жената имала симптоми на болеста, состојбата и била влошена, а докторите и направиле двапати тестови на кои била негативна. Сепак, заради симптомите била третирана во изолација, и била хоспитализирана минатата недела. Брисот бил земен по смртта, бидејќи значително и се влошила сосотојбата, а докторите се посомневале и земале трет брис, кој се покажало дека е позитивен. Заедно со неа бил хоспитализиран и нејзнииот 33-годишен син, вчера му се влошила состојбата, бил префрлен во изолација, а потоа и на клиниката за инфективни болести, каде е стабилизиран и во подобра здравствебна состојба.

Во меѓувреме, до 12 часот денеска има 29 ново заболени, со што бројот се зголеми на 114.

Во целата држава, од утре ќе функционираат 14 пунктови, во Скопје, ќе бидат сместени во поликлиника Чаир и Јане Сандански. Maтичните лекари целосно се вклучија во раното дијагностицирање на болеста, посочи Филипче. Кај нив граѓаните ќе можат да пополнат соодветен алгоритам, доколку се сомневаат во болеста.

Кол центарот е во целосна функција и за време на работната недела, ќе се работи со повеќе кадар.

Се разработуваат и новите мерки, кои ќе бидат предложени до Владата. Ќе се предложи на возрасните луѓе над 65 години да им биде забрането движење, без претходна дозвола, освен во раните утрински часови, кога ќе можат да излезат по леб, или до аптека. Ќе се дискутира и да се забрани движење и за лицата до 18 години, кои можеби не се загрозени, но се потенцијални преносители на болеста, рече Филипче.

Loading...

Related posts

Leave a Comment