Свет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СВЕТСКИОТ СОЈУЗ НА ЛЕКАРИ ЈА ПРИТИСКА ГЕРМАНИЈА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА

Interview mit Prof. Dr. med. Frank Ulrich Montgomery, Präsident ...

Претседателот на Светската федерација на лекари, Френк Улрих Монтгомери, се залага за воведување на задолжителна вакцинација против вирусот корона во Германија.

„Бев за задолжителна вакцинација против сипаници. Јас сум и за вакцинацијата во овој случај“, изјави тој за германските медиуми.

Германската влада вели дека обврската за вакцинирање нема да биде воведена, што повторно го потврди заменик-портпаролот на владата, Улрике Демер.

Монтгомери ја повика владата да ги преземе сите законски мерки, така што оној што прво ќе се вакцинира, не мора да плати најмногу.

Тој исто така истакна дека најпрво мора да се вакцинираат жителите на старечките домови и вработените во тие институции и болници.

„Се плашам дека може да се формира црн пазар во оваа земја“, рече тој, додавајќи дека постои проблем што голем број граѓани нема да сакаат да се вакцинираат, а тие претставуваат опасност за другите ако станат заразени.

Loading...

Related posts

Leave a Comment