Регион

Приштина во страв од одмаздата на Ердоган!

 

 

Собранието на  Косово ќе одржи вонредна седница на агендата на парламентарната истражна комисија која ја испитува депортацијата на шест турски државјани, за кои Анкара се сомнева дека се членови на движењето на проповедникот Фетулах Гулен.

На 26 март 2018 година, шест турски државјани беа депортирани од Приштина во Турција на барање на турските безбедносни органи, и покрај каква било законска постапка.

Тие се осомничени дека имаат врски со училиштата што се наоѓаат во Косово, финансирани од движењето на Фетулах Ѓулен, обвинет од турскиот претседател, како организатор на неуспешниот воен пуч во 2016 година.

По депортацијата на турските граѓани, Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го смени тогашниот министер за внатрешни работи и директор на Косовската агенција за разузнавање.

Парламентарната истражна комисија во неколку наврати оцени дека наиде на 23 пропусти и незаконитости во процесот на депортација.

Loading...

Related posts

Leave a Comment