Свет

ПРОТЕЧЕ ОФИЦИЈАЛЕН ГЕРМАНСКИ ИЗВЕШТАЈ КОЈ ЈА ПРОГЛАСУВА КОРОНАТА ЗА ,, ГЛОБАЛЕН ЛАЖЕН АЛАРМ “

2 Covid-19 Virus Conspiracy- Truth About Corona Virus- Part 1- Dr ...

Федералната влада на Германија и мејнстрим медиумите се ангажираат во контрола на штетите предизвикани по извештајот што го негира утврдениот наратив за Коронавирусот протечен од Министерството за внатрешни работи.

Некои од клучните пасуси на извештајот се:

  • Опасноста од Covid-19 беше преценета: веројатно во ниеден момент опасноста од новиот вирус не го надмина нормалното ниво.
  • Луѓето кои умираат од Корона се во суштина оние кои статистички би умреле оваа година, затоа што тие го достигнале крајот на животот и нивните ослабени тела веќе не можат да се справат со секој случаен секојдневен стрес (вклучувајќи ги и приближно 150 вируси кои во моментот се во оптек).
  • Во светски рамки, во рок од една четвртина од една година, нема повеќе од 250.000 смртни случаи од „Ковид-19“, споредено со 1,5 милиони смртни случаи [ 25.100 во Германија ] за време на бранот на грип 2017/18.
  • Опасноста очигледно не е поголема од таа на многу други вируси. Нема докази дека ова беше повеќе од лажен аларм.
  • Укор може да помине низ овие редови: За време на кризата со Корона, државата се покажа како еден од најголемите производители на „Лажни вести“.

Досега, многу лошо. Но, се влошува и понатаму.

Извештајот се фокусира на „многубројните и тешки последици од Корона мерките“ и предупредува дека тие се „сериозни“.

Повеќе луѓе умираат поради наметнати државни мерки за Короната отколку што се убиени од вирусот.

Германскиот здравствен систем фокусиран на Короната ги одложува операциите за спасување животи и го одложува или намалува третманот на пациенти кои не се заболени од Корона.

Берлин во режим на негирање. Научниците возвраќаат.

Првично, владата се обиде да го отфрли извештајот како „работа на еден вработен“, а неговата содржина како „свое лично мислење“ – додека новинарите го игнорираа случајот, немаше никакви прашања до политичарите.

Но, извештајот од 93 страници со наслов „Анализа на управување со кризи“ е подготвен од научна комисија, назначена од Министерството за внатрешни работи, а составена од надворешни медицински експерти од повеќе германски универзитети.

Извештајот беше иницијатива на одделот за внатрешни работи, наречена Единица КМ4 одговорна за „Заштита на критични инфраструктури“.

Ова е, местото, каде што германскиот официјален преставник претворен во свиркач, Стефан Кон, работеше, и од каде што тој им ги достави податоците на медиумите.

Авторите на извештајот издадоа заедничко соопштение за печатот веќе на 11-ти Мај, во кое се залагаат владата да ги игнорира стручните совети и побараа министерот за внатрешни работи официјално да ја коментира заедничката изјава на експертите:

„Терапевтските и превентивните мерки никогаш не треба да нанесат поголема штета отколку самата болест. Нивната цел треба да биде да ги заштитат ризичните групи, без да се искористат поволностите на медицинската нега и здравјето на целото население, како што за жал се случува “.

„Ние во научната и медицинската практика доживуваме секундарна штета од Коронамерките врз нашите пациенти на дијалошка основа“.

„Затоа го замолуваме Федералното Министерство за внатрешни работи да даде коментар за нашето соопштение за јавноста, и се надеваме на соодветна дискусија во врска со Коронамерките, што води до најдобро можно решение за целото население“

За време на пишувањето на текстов, германската влада се уште беше без реакција.

Но, фактите се – тажни – оправдувајќи ја загриженоста на медицинските експерти.

На 23-ти Мај, германскиот весник Дас Билд објави текст со наслов: „Драматични последици од коронамерките: одложени 52.000 операции за карцином“.

Одвнатре, лекар предупредува дека „ несаканите ефекти од кризата со Корона ќе ги чувствуваме со години“.

Казнување на свиркачот. Игнорирање на пораката.

Како што известува Дер Шпигел на 15-ти Мај: „Стивен Кон [свиркачот] од тогаш е суспендиран од должноста. Му беше советувано да најде адвокат и неговиот лаптоп беше конфискуван “.

Кон, првично го открил извештајот на 9-ти мај во либерално-конзервативниот магазин Тишис Ајнблик, еден од најпопуларните германски алтернативни медиуми.

Вестите за извештајот отидоа на мејнстрим медиумите во Германија во текот на втората недела на Мај – но веќе во третата недела медиумите и политичарите престанаа да разговараат за ова прашање, одбивајќи да го коментираат.

Етикетирачки беше пристапот на Гинтер Крингс, претставникот на министерот за внатрешни работи Хорст Сехофер – шефот на свиркачот:

На прашањето дали сериозно ќе пристапи кон документот, Крингс одговори:

„Ако започнете да анализирате вакви документи, тогаш наскоро ќе ги поканувате момците со капи од алуминиумска фолија на парламентарните расправи“.

Мажите со капи од алуминиумска фолија – Алухут на германски јазик – е термин што се користи за да се опишат луѓето кои веруваат во теории на заговор.

Навистина, еден напис од Дер Шпигел, кој се однесува на протестното движење против Корона и последиците од протечениот извештај, го содржеше зборот „заговор“ не помалку од 17 пати!

И нема дискусии за прашањата покренати од самиот извештај.

Надвор од Германија, вестите практично не беа ниту споменати.

Протестното движење – или „Корона-бунтовник“.

Германците започнаа да демонстрираат против карантинот уште во април.

А илјадници граѓани продолжуваат да се појавуваат на демонстрации секој викенд, иако владата ги намалува ограничувањата.

Демонстрациите не се само против ограничувањата, кои всушност се релативно благи во споредба со многу други западни земји.

Демонстрациите го доведуваат во прашање целиот Корона Наратив, па дури повеќе неговите принципи, особено улогата што ја игра Бил Гејтс, како втор најголем донатор на СЗО (прв откако Трамп го суспендираше американскиот придонес).

Навистина најголемите такви демонстрации се случија во Штутгарт на 9-ти мај, каде десетици илјади луѓе се собраа да кажат не – на НВО (Новиот светски поредок).

Германците кажуваат не на било какво орвеловско сценарио кое владата еден ден може да го наметне од сомнителниот „статус на вонредната состојба“, од апликации за масовен надзор до задолжителни вакцинации.

Откриениот извештај докажа дека нивните стравови се основани.

Барем што се однесува до лажната природа на пандемијата со „Корона“.

Остатокот може наскоро да следи.

Извор Strategic Culture Foundation

Loading...

Related posts

Leave a Comment