Свет

Протурските бунтовници убија неколку сириски војници во северна Латакија

 

 

Народноослободителниот фронт (НЛФ), поддржан од Турција, изврши нов напад врз сириската арапска армија (САА) во села од северниот дел на  сириската провинција Латакија.

Според извештајот од провинцијата Латакија, Народноослободителниот фронт се инфилтрирал до воените линии во близина на врвот на Таб Абу Асад, што резултирало со тешки загуби за сириската арапска армија и за националните одбранбени сили (НДФ).

Во извештајот се наведува дека повеќе од десет сириски војници и војници од НДФ биле убиени во Тал Абу Асад, пред бунтовниците поддржани од Турција, да се повлечат од областа.

Вообичаено, џихадистите на Хајат Тахрир Ал-Шам и Туркестанската исламска партија ги извршуваат овие напади на планините Туркман и Ал-Акрад; сепак, неколку од нивните терористи неодамна беа пренасочени на фронтот кај Хама.

Loading...

Related posts

Leave a Comment