Агресивноста не треба да се меша со деструктивното насилство и таа е неопходна за да го задржиме нашето место во животот.
Да се отповикаме на етимолошкото значење: ad-gressere “да одиш во пресрет на другиот” исто како и progresser “да одиш нанапред”. Овие два збора се спротивставуваат по своето значење на зборот re-gresse што значи “да одиш наназад”.
Позитивната агресивност претставува освојување на околината и овозможува да бидам препознаен, да егзистирам, да се истакнам во просторот и времето. Јас имам право на мое место и мое време за вербално, физичко или социјално изразување.
Проблемите доаѓаат кога наместо да се борам за мојот простор за егзистирање, јас се обидувам да му го завземам местото на другиот! На тој начин се одвојувам од здравата асертивност, поддржана од Гешталтот, и се упатувам кон доминација или насилство.
Ние ја градиме нашата самостојна личност преку афирмација на нашиот специфичен идентитет избегнувајќи ја пасивната потчинетост, како и избегнувајќи инванзивна доминација, без почит кон потребите за асертивност на другиот.
Овој пат е “тесен и тежок” подразбира четири последователни етапи:
• Детска зависност,
• Контра-зависност или самоафирмирачки револт во адолесценцијата,
• Возрасна независност: Јас често се согласувам, но не секогаш,
• Зрела интерзависност: Јас сум слободен исто како и другите. Значи јас водам сметка за моите потртеби како и за оние на другите.
За време на Гешталт трерапевтската сесија, терапевтот не се двоуми, во одредени ситуации намерно ја стимулира агресивноста на клиентот, со цел да и помогне на срамежливата и занесена личност да се истакне себе, да и даде енергија на депресивната личност или да го разбуди мазохистот. Интересно е да се каже дека регулаторните зони на агресивноста и сексуалноста се многу блиску и се поврзани во хипоталамусот и дека исти невротрансмитери ( допамин, тестостерон) ги контролираат овие две однесувања.
Поради ова, терапевтот може да ја употреби агресивноста како еден вид на “еквивалент” на сексуалноста со директно обраќање кон подоцнежните потешкотии од етички или деонтолошки причини. Всушност, ние како терапевти знаеме дека сексуалните проблеми се една од најчестите теми кои што спонтано ги донесуваат клиентите во терапијата.
Така на пример моментот на физичка борба е поприфатлив во групна работа отколку во еротска експлицитна интеракција! Длабокото емоционално мобилизирање е многу блиско и во двата случаи, и го олеснува новото емоционално обоено вербално разменување, што значи дека е исто како да е инволвиран.
Гешталт терапијата а особено во групната работа засегнатото лице може да експериментира во свој ритам, со потребите од доверба и самостојност. Клиентот се поттикнува да ги каже јасно своите идеи, потреби, желби, личните избори вербално и со специфично ангажирање, тој ќе ги прецизира малку по малку своите лични граници без да се “храни” слепо од околината и без да ги отфрла целосно. Овој пристап вообичаено се прави со малку директни алузии кон нарушувањата во агресивноста.
Посетете го нашиот центар:
Данче Пауновска – Психотерапевт